Со премиера на македонскиот филм „Година на мајмунот“ работен по сценарио и режија на Владимир Блажевски на 19 април ќе го означи пошетокот на 21. издание на Скопје филм фестивал.

„Година на мајмјунот“, чиј работен наслов беше „Слобода или смрт“, е четврт долгометражен филм на Блажевски, еден од најреномираните македонски филмски автори, по наградуваниот „Панкот не е мртов“ (2011), „Булевар на револуцијата“ (1992) и „Хај- фај“ (1987).
Скопје филм фестивал за своето 21. издание ќе донесе богата програма и содржини во чии рамки ќе понуди повеќе од 50 филмови, работилници, гостувања на нови европски филмски имиња, како и филмска ретроспектива на Алфред Хичкок.
Филмовите се распоредени во седум програми: Програма на авторски филм, Панорама на светски филм, Македонска продукција, Фокус на француски филм, Програма на Европски филм, Ретроспектива на Хичкок, а од ова година со гордост ја најавуваме новата фестивалска програма Квир фокус.