Започнува работата на гасниот терминал во Александрополис, ќе присуствува и Ковачевски

од Vladimir Zorba
295 прегледи

Во грчкиот град Александрополис денеска ќе се означи почетокот на работите за изградба на терминал за течен природен гас (ЛНГ), а на церемонијата ќе присуствува и премиерот на С. Македонија, Димитар Ковачевски.

Како што соопштија од Европскиот совет, на церемонијата ќе присуствуваат претседателот на Советот Шарл Мишел, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, премиерот на Бугарија Кирил Петков, претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Изградбата на новиот пловечки терминал за ЛНГ ќе го подобри снабдувањето со гас и инфраструктурата во целиот регион на Југоисточна Европа, се вели во соопштението на Европскиот совет.

Слични содржини