САД го јакнат НАТО во Европа: Пристаништето во Александрополис преплавено со „абрамси“ и „бредли“

Старијата додава дека во пристаништето бил завршен и трансферот на копнените воени единици на Вооружените сили на САД како дел од соработката со европските сојузници

од Бети Божиноска

Во пристаништето Александрополис денеска биле истоварени повеќе од 3.000 парчиња оружје и тешки возила, кои по друмски пат и железница се транспортирани во Источна Европа, заобиколувајќи го теснецот Дарданели, , пишува грчкиот портал „Еникос“.

Товарниот брод на американската морнарица „Лерој А. Мендоника“ испорача десетици оклопни возила во пристаништето Александрополис во северна Грција како дел од военото засилување на НАТО во Европа

„Од бродот се истоварени тенкови „абрамс“ и оклопни возила „бредли“, пишува грчкиот портал.

Старијата додава дека во пристаништето бил завршен и трансферот на копнените воени единици на Вооружените сили на САД како дел од соработката со европските сојузници, како што се наведува, „за заштита од закани за општата безбедност на регионот“.

„Еникос“ го нагласува огромното значење на пристаништето Александрополис за САД и за НАТО.

„Њујорк тајмс“ во специјален извештај објавен во август 2022 година го опиша пристаништето во Александрополис како „центар на американското оружје“ кое беше повторно изградено од војската на САД за да може да прима повеќе товар.

Медиумите претходно денеска објавија дека Романија почнала со изградба на најголемата НАТО база во Европа. Новата база ќе може да прими до 10.000 воен персонал и помошен персонал, а вкупната површина на објектот ќе биде околу 3.000 хектари додека  трошоците за изградба на објектот се проценуваат на 2,5 милијарди евра.

Командантот на базатам Николае Крезу, изјави дека базата ќе биде целосно оперативна во 2040 година и дека во моментот во базата се стационирани околу 3.000 војници.

Американските војници ја користат базата „Михаил Когалницеану“ од 1999 година. Планирано е првата фаза од проширувањето на воената база да биде завршена за пет години. Наскоро ќе започне изградбата на уште една писта, а се развиваат планови за развој на инфраструктурата на аеродромот.

Слични содржини