Започнува судскиот процес за убиството на Џорџ Флојд пред „тајна порота“

од Stefanija Kuzmanovska

Започнува главниот процес на судењето на поранешниот полицаец Дерек Шовин, обвинет за убиството на Џорџ Флојд. Процесот ќе се пренесува во живо. Таа смрт во Минесота минатата пролет предизвика масовни демонстрации.

Изборот на поротата траеше долго и тоа зборува многу за самиот процес. Судот во Минеаполис едвај пронајде четиринаесет лица за кои се смета дека ќе одлучуваат без предрасуди. На јавноста нема да ѝ се покаже кои се дванаесетте поротници и двете резерви, со цел, ако е можно, да бидат поштедени од притисок или нешто полошо.

Во таква атмосфера, десет месеци по смртта на Афроамериканецот Флојд, започнува судењето на поранешниот полицаец Дерек Шовин, кому му се закануваат четириесет години затвор.

Осум минути и 46 секунди, полицаецот Шовин клечеше на вратот на Џорџ Флојд. Во меѓувреме, колегата на Шовин Александар Куенг ги притисна нозете на Флојд со колената. Третиот полицаец, Џеј Томас Лејн, му стави лисици на Флојд. Трагичниот настан се случи на 25 мај минатата година во Минеаполис.

Слични содржини