Започнува учебната година: Учениците ќе имаат учебници, а наставниците повисоки плати

од Берта Китинска
221 прегледи

Оваа учебна година ја почнуваме поподготвени од изминатите, учениците од првиот ден ќе имаат учебници и помошни материјали, истакна министерот за образование и наука, Јетон Шаќири

-Интензивно се работеше на новите наставни програми за прво, второ, четврто и за петто одделение, а за кои Бирото за развој на образованието подготви интересни и интерактивни содржини и се изработуваат нови учебници. Тие со во фаза на одобрување, а за да имаат учениците од што да учат, подготвени се материјали за учење за првото тримесечје, кажа Шаќири.

„Министерството за образование и наука сработи навистина многу во насока на исполнување на визијата за национален образовен систем, кој ќе нуди квалитетни образовни услуги за граѓаните во сите негови сегменти. Сите активности беа реализирани во таа насока и се посвети еднакво внимание како на основното и средното образование така и на високото и науката“, рече Шаќири.

Во изминатиот период, потенцира министерот, со СОНК е постигнато историско покачување од 15 проценти на платите на наставниците за 15 %, кое ќе почне да се исплаќа со исплатата на септемвриската плата.

„Со нашиот партнер СОНК имаме уште многу заедничка работа во следниот период, а тоа е дефинирање и потпишување нови колективни договори за основното и средното образование, како и дефинирање низа заеднички мерки и политики за подобрување на квалитетот во образованието во иднина“, додаде министерот.

Слични содржини