Запросена ќерката на Брус Вилис и Деми Мур, гордо го покажа вереничкиот прстен (ФОТО/ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Талула Вилис, ќерката на славниот холивудски пар, Деми Мур и Брус Вилис, се вери со Дилон Бас, а своите среќни моменти ги сподели на Инстаграм.

Имено, таа објави серија фотографии на кои стои во дворот од куќата, додека вереникот клекнува и ја запросува.

„Со апсолутно најголема сигурност“, напиша Талула во описот на фотографиите, што значеше – ДА.

Таа собра над 40.000 лајкови на објавата, како и голем број позитивни коментари.

„Плачам од среќа, толку сум возбудена“, напиша нејзината сестра, Скаут Вилис.

Талула потоа објави видео од вереничкиот прстен, кој очигледно е платено скапо.

Слични содржини