Заради коронавирусот Австралијците ги празнат маркетите: Купувачите ги губат живците, панично бараат тоалетна хартија (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
193 прегледи

Стампеда на луѓе кои панично бараат тоалет хартија станаа честа глетка во повеќе делови на Австралија. Во земјата се појави огромен интерес за овој производ, а сѐ поради коронавирусот.

Луѓето поради тоа започнаа и да се однесуваат насилно, а ситуацијата ескалираше на една локација во Сиднеј. Таму една кавга за тоалет хартија за малку не заврши трагично, откако еден од купувачите во паника извадил нож заканувајќи му се на друг купувач.

Според извештајот на локалната полиција, судирот се случил меѓу еден маж и една жена во супермаркет, но, за среќа, во метежот никој кој настанал никој не е повреден.