Д-р Тими Ченг, лекар од Калифорнија е специјалист за белодробни заболувања и во моментов, како и многу негови колеги ширум светот се бори против коронавирусот.

Поради природата на неговата работа, тој е во ризичната група, д-р. Ченг реши да ја зголеми заштитата на своето семејство. Првата вечер по работата, тој спиел во својот автомобил, а спиел и во болницата неколку ноќи.
Неговата сопруга тогаш предложила да спие во шатор во нивната гаража, што лекарот прифатил, јавува NBC.
Ставил душек во неговиот шатор и донел лаптоп, а семејството му носело оброци.
Фејсбук постот на д-р Ченг е означен 17.000 пати и споделен 39.000 пати. Во него, со слики од изолација, тој ги повика сите да останат дома и да ги зголемат напорите во здравствениот систем.
https://www.facebook.com/cheng.tim/posts/10110451266025926