Зариф: Идлиб мора да се исчисти од терористи, се подготвува голем напад

од desk2
76 прегледи

 

Шефот на иранската дипломатија Мохамед Џавад Зариф на почетокот на посетата на Дамаск рече дека сириската провинција Идлиб мора да биде „исчистена од терористи“.

Според него, Идлиб мора во целост да биде вратен под контрола на владата во Дамаск.

Сириската војска и нејзините сојузници се подготвуваат за напад на Идлиб, последното бунтовничко гнездо во земјата.

„Потребно е да се зачува териотиријалниот интегритет на Сирија, а сите народи и групи, како едно општество, треба да почнат процес на реконструкција, а бегалците да се вратат во своите домови“, рече вчера Зариф.

Тој се состана со сирискиот претседател Башар ел-Асад и шефот на дипломатијата Валид Моалем.

Лидерите на иран, Турција и Русија за неколку дена ќе се сретнат во Иран и да разговараат за ситуацијата во Идлиб.

По состанокот со Асад, соопштено е дека Иран и Сирија имаат „слични ставови за различни прашања“.

Иран пржи непроценлива воена и економска поддршка на Асад од почетокот на војната во Сирија.

Асад вети дека ќе ги порази бунтовниците во Идлиб ако не се предадат. Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера ја предупреди Сирија против офанзивата во провинцијата Идлиб, велејќи дека таква операција може да предизвика „хуманитарна трагедија“ во која „стотици илјади луѓе може да бидат убиени“.

Во Идлиб и околните подрачја живеат околу три милиони луѓе, од што речиси половината најмалку еднаш бегале пред судири.

Десетици илјади луѓе дојдоа во Идлиб откако бунтовниците се предадоа во другите делови од земјата.

Асад и Зариф исто така разговараа за „западниот притисок“ на нивните земји.