362
Засега нема план и препорака за тестирање на децата. Прибираме искуства од некои европски земји и ќе анализираме оваа недела, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање во врска со можноста за ПЦР-тестирање на учениците од 1 септември кога ќе се отворат училиштата.
-Сè што може да значи дополнителна заштита на здравјето, ние ќе го воведеме. Меѓутоа, мора да бидеме сигурни дека сето тоа што ќе го донесеме навистина ќе биде ефективно односно ќе даде некаков резултат и од тоа да се извлечеме некоја поука, рече Филипче.