165
Засилено полициско обезбедување има околу црквата „Св. Спас“ и по целата должина на улиците кои водат до храмот, каде денеска на гробот на Гоце Делчев цвеќе треба да положат повеќе делегации по повод 151-годишнината од неговото раѓање.
Полицијата ги контролира пристапите до црквата, а пристап имаат само акредитираните новинари кои поминуваат низ неколку безбедносни
проверки.
На гробот на Делчев во црквата „Св. Спас“ цвеќе ќе положат делегации на државните институции, партии и граѓански здруженија.