Застрашувачки бројки во Франција: За минатите 24 часа забележани повеќе од 12.000 нови случаи на коронавирус

од Aleksandar Petrovski
124 прегледи

Во изминатите 24 часа, во Франција се регистрирани 12.845 случаи на коронавирус, соопштија денеска здравствените власти на таа земја.

Тоа е прв пат од 27 септември бројот на заразени со коронавирусот да надмине 10.000.

Во изминатите 24 часа починаа 63 лица како резултат на вирусот корона, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 31.956, пренесува Ројтерс.

Вкупно 563.535 лица се заразени со вирусот корона во Франција досега.