Британскиот актер и поранешен боксер, Бредли Велш, познат по “Треинспотинг 2”, почина на 42 години откако беше застрелан во главата на улицата во западен Единбург, објави “Мирор”.
Полицијата ја потврди смртта, го идентификуваше случајот како “сомнителен” и започна истрага. Сигнал за истрелот бил поднесен завчера околу 20.00 часот по локално време.
Регионот бил обезбеден, на местото пристигнале вооружени полицајци и болничари, но Велш починал пред да биде однесен во болница. Младиот Велш беше отворен фудбалски навивач, а во 1993 година станал лесен боксерски шампион на Британската непрофесионална боксерска асоцијација.
Неговите актерски настапи вклучуваат учество во епизода од документарната серија “Дани Даер: најстрашниот маж”, посветена на познати борци и боксери. Велш предводеше добротворни проекти за да им помогне на младите од Единбург фокусирајќи се на здравјето, менталната одржливост и против нееднаквоста. Исто така имаше боксерска сала во градот.