Застрелан полицаец во нередите во Лас Вегас: Протестите низ САД не стивнуваат (видео)

од Nikola Popovski
140 прегледи

Еден полицаец во Лас Вегас бил застрелан во глава за време на протестот поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Еден полицаец е застрелан во близина на центарот на Лас Вегас, а друг е „вклучен во пукањето“ во истата област, јавува агенцијата АП, објавувајќи го соопштението на градската полиција.

Детали за пукањето, или состојбата на полициските службеници не биле дадени, а полицијата во Лас Вегас одбила да даде коментар за агенцијата Ројтерс.