Затекнати 12 мигранти во „мерцедес“

од Nikola Popovski
193 прегледи

Пронајдени 12 мигранти во „мерцедес“, информира МВР.

Според полицијата синоќа 21:45 часот на автопат Гевгелија-Скопје, кај клучка Миравци, патничко возило „мерцедес“ со српски национални ознаки не застанало на знак за запирање даден од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“.

-Набргу, возилото било пронајдено и во него биле затекнати 12 лица мигранти кои биле спроведени и сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.