Турското Министерство за внатрешни работи објавило ново известување во четвртокот за правните мерки за оние кои даваат лажни или нецелосни информации за нивните контакти во врска со ширењето на коронавирусот, објави Анадолија.
Според известувањето, ако пациентите со Ковид-19 им дадат лажни или нецелосни информации на здравствените власти за тоа со кого имале физички контакт, тие би можеле да добијат затворска казна до две години или парична казна.
Досега во Турција се потврдени повеќе од 308.000 случаи на инфекција со коронавирус, додека како резултат на заразата починале 7.711 лица. Повеќе од 270 000 се излечиле.