396
МВР информира дека од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) растуриле собир во кафеана во скопското село Јурумлери каде биле затекнати 15 гости, музичар и пејачка.
„Вчера во 21.50 часот, по претходна пријава, полициски службеници во координација со Државен пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во село Јурумлери, скопско, сопственост на А.Ш.(39) од истото село. Во објектот биле затекнати 15 гости, музичар и пејачка, со што било постапено спротивно на прописите за спречување на ширењето на коронавирусот“, соопштија од полицијата.
Објектот бил затворен, а лицата биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.