Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски денеска информира дека не се користи фитнес-салата во Собранието.
-За жал, ковид-периодот не ни дозволи да бидеме повеќе активни. Имаше една функционална теретана во Собранието, која што знаевме да ја користиме во минатиот период, но поради мерките кои беа донесени од Комисијата за заразни болести, меѓу другите објекти и таа беше затворена. Мислам дека поради одредени причини, се уште не е отворена, рече Мицевски.
Тој додаде дека пратениците и вработените во Собранието знаат некогаш да ја користат салата, надвор од работното време.
-Сега е надвор од функција. Се помалку имаме време за спортски активности, додаде Мицевски во гостувањето на утринската емисија „Магазин“ на Тв Сител.