МВР соопшти дека денеска oд 18 часот, затворена за сообраќај ќе биде скопската улица 11 Октомври.
-Ве известуваме дека на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје на 16.06.2021 (среда) со почеток од 19:00-21:00 часот Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје заедно со единици од Министерството за внатрешни работи ќе извршат презентација на противпожарна скала на ул.“11 Октомври“. За таа цел затворени за сообраќај почнувајќи 18:00 часот до завршување на настанот ќе биде ул.11 Октомври на потег од бул.“Кочо Рацин“ до ул.“Крушевска Република, велат од полицијата.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници.