Затворени дел од скопските булевари поради Министерскиот совет на ОБСЕ

од Nikola Popovski

Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен во Скопје поради одржувањето на Министерскиот совет на ОБСЕ на кој се очекуваат околу 70 делегации.

Почнувајќи од денеска од 13 часот до завршување на Министерскиот совет повремено ќе бидат затворени за сообраќај одредени улици како што се булеварот „Илинден“ од крстосницата со бул. „Св.

Климент Охридски“ до крстосницата со ул. „Љубљанска“ и бул. „8 Септември“, од крстосницата со ул. „Скупи“ до крстосница со бул. „Партизански одреди“.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека во зависност од потребите, може да бидат затворени и други улици и апелираат до граѓаните на трпение и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Во делот на безбедноста, од Министерството за внатрешни работи велат дека се комплетно подготвени за Министерскиот совет што за првпат се одржува во Северна Македонија, која е земја претседавач со ОБСЕ.

Слични содржини