Затворени гласачките места во Германија: Еве кога се очекуваат првите резултати, објавени излезните анкети

од Nikola Popovski
49 прегледи

Гласачките места низ Германија беа отворени утрово во 8 часот и штотуку се затворени. Право на глас имаа околу 60 милиони граѓани кои го избираат новиот Бундестаг. Објавени се првите излезни анкети, додека првите прелиминарни резултати се очекуваат околу 18 часот и 30 минути.

Според првите резултати од излезните анкети, ЦДУ/ЦСУ е убедливо на прво место, АфД на второ, а СПД на трето место. Во Бундестагот влегуваат и Зелените и Левицата. Либералите и БСВ во моментов се веднаш под прагот.

Овие рани резултати обично даваат добар увид за тоа кои се главните победници и губитници на изборите. Конечната распределба на мандатите во Собранието треба да се знае по полноќ.

Според досегашните податоци од неколку германски покраини, одѕивот на гласачите е голем. Во Рајнланд-Пфалц, речиси 21 отсто од гласачите со право на глас гласале до пладне. Слична ситуација е забележана и во Берлин, каде дотогаш гласале 33 отсто од гласачите.

Најголема излезност досега е забележана во Тирингија, каде до пладне гласале 44,5 отсто од гласачите. Во Саксонија-Анхалт, дури 52,6 отсто од граѓаните излегле на гласање до 14 часот, што укажува на зголемен интерес на гласачите во споредба со претходните избори.

Слични содржини