Затворени осум угостителски објекти: На неколку дена пред новогодишните празници, инспекторите ги интензивираа надзорите

од Берта Китинска
395 прегледи

На само неколку денови од Новата година, oсум угостителски објекти се привремено затворени и против нив се поднесени казнени платни налози поради непочитување на протоколите за работа во услови на ковид-19, соопшти претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филипоска-Грашкоска

Три објекти се во Скопје, три во Гостивар и два во Куманово, а инспекциските контроли биле извршени во период од 14 до 20 декември.

„На неколку дена пред новогодишните празници, инспекциските служби ги интензивираа надзорите на терен и во соработка со МВР во текот на минатата недела се спроведоа голем број координирани акции. Ова ќе продолжи во следниот период со цел да придонесеме за одговорно прославување на претстојните празници. „При спроведените надзори на пазарните инспектори изречени се 39 прекршочни пријави, 56 решенија за констатирани неправилности, и 49 прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија 8 решенија се донесени поради непочитување на законот за заштита на населението од заразни болести и протоколот за работа на угостителски објекти кои се однесуваат за по три угостителски објекти во Скопје и Гостивар и два угостителски објекти во Куманово, во кои не се почитувало работното време и ограничувањето до четири лица на една маса. Во сите случаи е изречена забрана за вршење на дејност, се затворени и се изречени соодветни прекршочни платни налоз “, изјави Филипоска-Грашкоска.

Слични содржини