Затворени сите отворени детски игралишта во Општина Центар

од Vladimir Zorba

Општина Центар ги затвори сите отворени детски игралишта заради поголема заштита и спречување на КОВИД – 19 (Коронавирус).

Покрај новата забрана за собирање на повеќе лица во група на сите јавни површини, паркови и јавни места, како и зголемените контроли од страна на МВР и Армијата на РСМ, од утре детските и спортските отворени игралишта нема да бидат достапни за граѓаните.

– Со оваа дополнителна мерка која ја превзема општината, дополнително ќе влијаеме врз колективната одговорност за јавното здравје.
Апелирам до сите жители на Општина Центар да ја почитуваат оваа мерка и да се придржуваат до препораките за самоизолација од Владата на РСМ и Министерството за здравство, сподели градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Слични содржини