Затворени уште 13 дискотеки кои не исполнуваат минимум услови, а поседувале лиценца

од Nikola Popovski
146 прегледи

Според последниот пресек на Владата во однос на контролите на Државниот пазарен инспекторат, извршени се вкупно 82 контроли со записник на дискотеки и кабареа. Како што информира портпаролката на Владата, Марија Митева од 23 со лиценца, 13 објекти не исполнуваат минимум технички услови и се изготвуваат решенија за одземање на лиценцата и забрана за работа.

Пет со истечена лиценца исто така работеле изминатиот период.

-Кај останатите 41, 30 од нив имале неправителности по законот за угостителска дејност. Изречени се 28 прекршочни налоз и две затворања за пречекорување на работно време што значи и платен налог, рече Митева на прес-конференција.

Инспекциите се на терен. Се прави поопсежна истрага во која се вклучени повеќе институции, МВР, Министерство за економија, трудов инспекторат. Се испитува и дали има техничка документација за сите тие објекти на територија на целата држава.

Слични содржини