Затвореници од „Идризово“ ќе штрајкуваат со глад доколку не се сретнат со Хелсиншки и Народниот правобранител

од Nikola Popovski
194 прегледи

Осуденици од Казнено-поправната установа „Идризово“ бараат средба со Народниот правобранител и со Хелсиншкиот комитет, а во спротивно од утре најавуваат штрајк со глад.

Од управата на КПУ „Идризово“ потврдуваат дека до нив е стигнато писмо со најава за штрајк со глад. Во писмото се наведува дека штрајкот е поради осудениците кои беа повредени викендов при претрес во полуотвореното одделение.

-Ние осудениците од НПО-одд при КПУ „Идризово“ ве известуваме дека од утре, 31 октомври, стапуваме во штрајк со глад поради тешко повредените осуденици на кои не им се укажува лекарска заштита иако се со тешки телесни повреди како последица од полициската акција, се наведува во писмото.

Министерството за внатрешни работи викендов соопшти дека при претрес во полуотвореното одделение во „Идризово“ се повредени 10 полицајци при судир со група затвореници кои давале отпор. При претресот се пронајдени се 63 мобилни телефони, 82 ножа, 4 шила, 71 полнач за телефон и дрога.

Дел од затворениците тврдат дека завршиле со скршеници откако биле нападнати и претепани од полицијата. Од полицијата посочија дека нивните службеници биле нападнати и дека дел од нив завршиле со повреди.

Слични содржини