46
На 19.03.2025 година во 09.32 часот во СВР Штип било пријавено дека во КПУ Затвор-Штип било нападнато службено лице, кое што потоа дошло во просториите на СВР-Штип и пријавило кривично дело по чл.144 ст.4 од КЗ на РСМ.
Според пријавеното, истиот ден околу 9.00 часот, додека пријавителот бил на своето работно место во КПУ Затвор-Штип заедно со други затворски полицајци, откако на осуденик му издал наредба да го предаде мобилниот телефон, бил вербално нападнат од истиот со закани по неговиот живот и животот на неговото семејство.
Потоа со стаклена чаша осуденикот го удрил пријавителот во пределот на главата нанесувајќи му телесна повреда-посекотина. За настанот е запознат Јавен обвинител од ОЈО-Штип и се работи на расчистување на случајот.