Затвореник со лажни бугарски документи се обидел да избега во Грција

од Nikola Popovski
62 прегледи

Затвореник со лажни бугарски документи за идентификација се обидел да избега во Грција, информираат од Македонската полиција.

Вчеравечер во 23.00 часот на Граничниот премин Богородица, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.Р.(32) од с.Баница, струмичко, поради тоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека приложил фалсификувана бугарска лична карта на туѓо име.

-При извршени дополнителни проверки било утврдено дека А.Р. издржувал затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Штип, од каде бил пуштен на викенд.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија, по што бил спроведен во установата, соопштија од полицијата.

Слични содржини