Зависноста од Фејсбук води до опасни диети кај жените

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Социјалната мрежа Facebook може да се претвори во дрога, која ги тера жените да се залетаат по опасни диети.woman-on-facebook1

Тоа го утврдиле специјалисти од Медицинскиот институт на Универзитетот во Северна Каролина, кои ги анализирале податоците од 128 студентки.Тие исто така ја  проучувале емоционалната врска на студентките со Facebook. Научниците се интересирале колку време девојките одделувале на социјалната мрежа, колку пријатели имаат и дали ја споредиле фигурата со фигурите на други корисници, пренесе ZEE News.

Се покажало дека девојките со емоционална зависност од Facebook почесто го споредувале своето тело со тоа на своите пријателки и соодветно се придржувале кон опасни диети. И обратно, оние кои не се споредуваат со другите, поретко се вознемирувале за својата фигура и се впуштале во таквите диети.

Според научниците Фејсбук помага да се добие социјална поддршка и да се одржи контакт со пријателите и роднините. Но, во некои случаи тоа може да е опасно.

Со овој заклучок се согласуваат и специјалисти од Универзитетот во Мисури и Нанскиот технолошки универзитет во Сингапур. Тие утврдиле дека пораките на Facebook за такви нешта како скапи задоволства, ново живеалиште, нов автомобил или среќни односи предизвикуваат завист меѓу корисниците навикнати да ги следат животите на другите. Луѓето кои завидуваат и го споредуваат својот живот со животот на другите, почесто страдаат од депресија.

Додека оние кои ја користат мрежата само за дружење, се одминати од негативните последици.