Поднесена кривична пријава против поранешната директорка на заводот и музеј Охрид, Тања Паскали Бунташеска , поради големата финансиска штета врз буџетот настаната од непостапување по судска одлука од страна на поранешната раководителка на музејот во случајот со судскиот спор за потпорните ѕидови до музејскиот комплекс „Куќа на Робевци“ меѓу установата и еден од соседите.

Штетата која е предизвикана врз буџетот изнесува околу 123.000 евра. По што заводот и музеј – Охрид поднесе соодветна кривична пријава до основното јавно обвинителство – Охрид за негово понатамошно постапување, најави на денешната прес конференција во Охрид министерот за култура Роберт Алаѓозовски.