Завршена е конструкцијата на телескопот наречен Џејмс Веб, кој од денеска ја презеде титулата за најголем телескоп кој некогаш е направен.

Кога ќе биде лансиран во вселената во октомври 2018 година, тој ќе биде стациониран во Лангероваата L2 точка во системот Сонце-Земја, отприлика 1,5 милион километри од Земјата.
Моментално најмоќниот телескоп во орбитата на Земјата се наоѓа на 500 километри и е Хабел, чиј дијаметар знесува 2.4 метра, а површината му е 4,5 квадратни метри. Во споредба со него Џејмс Веб ќе изгледа голем, со дијаметар од 6,5 метри и површина од 25 квадратни меетри. Овој телескоп кој го направиле NAS, ESA и Канадската вселенска агенција може да продре многу подалеку во вселената
Поточно со помош на телескопот наречен Џемјс Веб ќе можеме да гледаме во минатот односно да гледаме дури во време на настанокот на звездите и на првите галаксии пред 13,5 милијарди години. Неговата конструкција започна во 1996 година, а денеска е комплетиран во НАСА центарот во Мериленд. Тој ќе биде лансиран со помош на ракетата Ариана 5, а целиот проект чини 9 милијарди долари .