Завршена мисата, Бандиќ наскоро ќе биде погребан

од Берта Китинска

Денес во 12 часот во загрепскиот Мирогој започна погребот на Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ.

Пред мртовечницата на Мирогој, ковчегот на Бандиќ беше изложен нешто по 10 часот, а пред погребот, неколку стотици луѓе му оддадоа почит.

Градоначалникот Бандиќ на последното почивалиште е испратен  со омилените песни: „Очи у очи“, „На омишкој стини“ и „Под брајде“ во изведба на клапата на хрватската морнарица „Свети Јурај“.

Во Загреб беше прогласен Ден на жалост, сите церемонии беа откажани, а знамињата се спуштени на половина копје.

Градоначалникот на Загреб, , ненадејно почина во саботата на 66-годишна возраст.

Слични содржини