Заврши драмата во Киев: Маж се заканувал дека ќе се разнесе во владината зграда (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
324 прегледи

Полицијата го уапси мажот кој се закануваше дека ќе активира бомба што ја прошверцувал во украинската владина зграда.

Според медиумите, човекот рекол дека зградата е окупирана, и дека тој самиот нема да ја напушти зградата жив.  Исто така, известуваат дека се работи за човек по име Владимир, кој наводно бил во Донбас.

Припадниците на специјалните единици на армијата и полицијата веднаш се појавија пред зградата, а последните информации се дека Владимир е уапсен.

Полицијата во Киев претходно за агенцијата РАИ Новости потврди дека е примен извештај за закана за бомба и дека полицајците излегле на местото на настанот.

Агенцијата ТАСС пренесува дека седница на украинската влада е закажана за денеска во 13 часот.

Слични содржини