Заврши есенскиот дел од лига шампионатот во пинг понг

од desk4
 Со натпреварите од шестото и седмото коло од двете најсилни лиги, супер лигата и првата лига денес во Прилеп заврши есенскиот дел од Републичкото првенство во пинг понг.
 Неприкосновен лидер на табелата е Младост од Прилеп кој со максимален учинок, шест победи од шест натпревари ќе презими на првото место на супер лигашката табела. Во екипата на Младост, Дејан Оцоколиќ и Ѓоко Јочкоски се непоразени, единствените два порази во екипата на Младост одат на контото на Александар Штаргоски.
 Најпријатното изненадување во првиот дел од сезоната е младиот играч на Шампион Фа од Штип, Дамјан Стојчев кој има само еден пораз во лигата, додека неговата екипа заврши на второто место зад Младост.
 Најнепријатно изненадување е екипата на Вардар, актуелен државен шампион на Македонија, која е убедливо на последното место
Табела Супер Лига
Место ЕКИПА Вкупно Победи Бодови
1 Младост 6 6 12
2 Шампион_ФА 6 5 11
3 Младост_96 6 4 10
4 Работнички 6 3 9
5 Телеком_НЕЦ 6 2 8
6 Радовиш 6 1 7
7 Вардар 6 0 6
Резултати Супер Лига 6то и 7мо коло
VI КОЛО Телеком_НЕЦ :
Радовиш Работнички 0 : 4
Младост_96 Младост 1 : 4
Шампион_ФА Вардар 4 : 0
VII КОЛО Вардар Телеком_НЕЦ 1 : 4
Младост Шампион_ФА 4 : 1
Работнички Младост_96 0 : 4
Радовиш :
 Во првата лига супериорни беа играчите на екипата на Телеком НЕЦ 2 кои со максимален учинок ја оправдаа улогата на фаворит и се најсериозен кандидат за освојување на првото место и пласман во Супер лигата.
Табела Прва лига
Место ЕКИПА Вкупно Победи Бодови
1 Телеком НЕЦ 2 7 7 14
2 Крива Паланка 2007 7 6 13
3 Кочани 7 4 11
4 Струга (-1) 7 4 10
5 Борец ТИМ 7 3 10
6 Мултитекс 7 3 10
7 Пошта 2 7 1 8
8 Дебар Маало 7 0 7
Резултати Прва Лига 6то и 7мо коло
VI КОЛО Пошта 2 Борец ТИМ 1 : 4
Дебар Маало Телеком НЕЦ 2 0 : 4
Струга Крива Паланка 2007 1 : 4
Мултитекс Кочани 1 : 4
VII КОЛО Кочани Пошта 2 4 : 1
Крива Паланка 2007 Мултитекс 4 : 0
Телеком НЕЦ 2 Струга 4 : 0
Борец ТИМ Дебар Маало 4 : 2

Слични содржини