Заврши кампањата! Во Македонија до недела е предизборен молк – забранети се митинзи и агитации!

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Петокот на полноќ заврши изборната кампања за локалните избори што ќе се одржат во недела  и започнува  изборниот молк.

Денешниот ден  е молк пред изборите, но  своето право на глас   ќе можат да го остварат 1.882 лица во казнено-поправните домови и   лица кои се во притвор, 9 внатрешно раселени лица, како и немоќните и болни кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.

Внатрешно раселените лица гласаат во колективните домови и прифатните центри каде што се сместени, болните и немоќниоте лица во нивните домови, а избирачките кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор гласаат во местото каде ја изцржуваат мерката куќен притвор. Гласањето започнува во 7 часот и трае до 19 часот.

Локалните избори ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и Градот Скопје. Право на глас имаат 1.814.644 избирачи.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври.

Ова се шести локални избори во Македонија. Првите се одржаа во 1990 година, следните во 1996, во 2000, во 2005, во 2009 и последните во 2013 година./МИА