Завршинтите зборови во случајот “Таргет-тврдина” наместо поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков ги имаше неговиот адвокат Миле Петровски.
– Тврдењето дека Сашо Мијалков, Горан Грујевски и Надица Николиќ создале група која масовно прислушувала е без докази. Исто како што е претпоставка дека таа група е создадане и дека нејзини припадници биле лица кои овде се обвините, но и лица кои во постапката се појавија како сведоци на обвинението (Влатко Ѓорѓиевски, Марјан Јанкуловси, Звонко Костовски), рече Петровски.
Во своето сведочењето ексминистерката Гордана Јанкулоска го опиша прислушкувањето како незаконско, монструозно, нелегално, злоупотреба на овластувањата и слично.
Таа вината ја префрли на Горан Грујевски, поранешен началник на Петтата управа во УБК кој е обвинет и кому му се суди во отсуство.
-Се потврдува дека Горан Грујевски немал никаква комуникација со мене, може да се заклучи дека се работи за лажно повикување на туѓ авторитет преку кое Горан Грујевски сакал час поскоро да си ја заврши целта што си ја имал. Која би била логиката министерот да дава насоки до правниот сектор кој хиерархиски е веднаш под министерот, а тие насоки да ги дава преку некој вработен во УБК. Секогаш имало и ќе има луѓе што не избираат начин како да си ја остварат својата цел, како што произлегува и од доказите дека направил Горан Грујевски, истакна Јанкулоска.
Пресудата за масовното прислушување во земјава во периодот од 2008 до 2015 г. ќе биде изрече наредниот петок.