Заврши снимањето на краткиот игран филм „Магнолија“

од Vladimir Zorba
111 прегледи

   Неделата што измина, во периодот од 20 до 23 август беше снимен краткиот игран филм „Магнолија“ во режија и сценарио на Ана Опачиќ, информираат од „Пик Продукција“.

Улогите ги толкуваат Искра Ветерова, Сенко Велинов и Никола Стефанов, а директор на фотографија e Љуљзим Луиџи Бејта.

Од продуцентската куќа наведуваат дека филмски проект е реализиран со поддршка од Агенцијата за филм на Македонија, во продукција на „Пик Продукција“ и копродукција со  „Т4 МЕДИА“.