На 23 април на годишното собрание на Медитеранската Пинг понг унија, нашата држава и асоцијација едногласно е примена како полноправна членка на ова унија. Со тоа се отвора можност на нашите репрезентации секоја година да учествуваат на силни шампионати со квалитетни репрезентации од калибарот на Италија, Шпанија, Франција, Грција, Турција, итн.
Генарално на светското првенство, очекувано потврдена доминација на Кина. Изненадија елиминациите на првите двајца светски играчи Fan Zhendong и Xu Xin, Fan Zhendong беше поразен од сонародникот Liang Jingkun, иако пред светското првенство важеше за главен фаворит за освојување на светската титула, Додека поразот на Xu Xin, од французинот Simon Gauzy за прв пат после 16 години спречи кинеско финале, бидејќи кинескиот играч беше единствениот претставник на Кина во долната половина на ждребот.
Во финалето актуелниот светски првак Ma Long ја одбрани титулата и воедно стана првиот играч за три светски титури освоени една по друга.Ma Long во финалето беше подобар од швеѓанецот Falck Mattias. Ma Long се закити со титулата светски првак и во конкуренција а машки дубл, заедно со сонародникот Wang Chuqin, победувајќи ги во финалето Ionescu Ovidio од Романија и Robles Alvaro од Шпанија. Во женска конкуренција детронизирана беше шампионката од 2017 година,Ding Ning која во полуфиналето беше поразена од Liu Shiwen иако имаше предност 0д 2:0. Liu Shiwen во финалето ја совлада Chen Meng.Многу интесен натпревар се одигра во конкуренција на женски дублови, каде што Sun Yingsha и Wang Manyu од Кина за противнички ги имаа јапонките Ito Mima и Hayata Hina.
Јапонките ги добија првите два сета, но кинеските натпреварувачки не дозволија освојувач на златен медал да биде било која друга репрезентација освен Кина. Во микс дубл, кинеските натпреварувачи Xu Xin i Liu Shiwen беа подобри од јапонскиот микс дубл Yoshimura Maharu и Ishikawa Kasum.Следното светско првенство во поединачна конкуренција ќе се одржи во 2021 година во Хјустон, САД,.