179
Со навреди и тензии денеска заврши 81. седница на Собранието на која се расправаше за Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европската Унија на 30 јуни.
Продолжението на седницата е закажано за утре, со почеток во 11 часот.
Последна говорничка беше пратеничката Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ. Според информациите, околу 40 пратеници се пријавиле за збор. Откако ќе се исцрпи расправијата, ќе следува гласање за предлогот.