Заврши увидот во „Глобал“: Ќе се истражува зошто хидрантите биле неупотребливи

од Берта Китинска
358 прегледи

Заврши увидот на пожарот кој го зафати Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица.

Надлежни екипи на локално и централно ниво собираа докази. Обвинителството изврши увид на местото на настанот.

Останува уште крим-техника од Министерството за внатрешни работи да ги заврши неопходните испитувања. Кога и тоа ќе заврши ќе може да почне расчистувањето на остатоците од пожарот.  Единствено што е познато е дека пожарот избувнал кај влезот за дотур на стока од каде се проширил насекаде, но и дека хидрантите во „Глобал“ биле неупотребливи, за што потврдија и струмичките пожарникари.

Многу ми е драго, што вчера истрагата завшри, а денеска почнува организацијата за расчистувања на „Глобал“, изјави премиеро Зоран Заев.

-До вечер сум на работа, потоа се враќам за Струмица и од утре, за време на Бадник и Божиќ, сум на раполагање да помогнам во целата техничка организација за расчистување, отворање посебни сметки, анимација на граѓаните, потенцира Заев.

Пожарот во „Глобал“ избувна на втори јануари пред полноќ.

Пожарот избувна во саботата вечерта, а иако немаше повредени причинета е огромна материјална штета. Опожарени беа една третина од пазарот, повеќе продавници од приземјето и првиот кат, дел од вториот. Се урна и дел од покривот на „Глобал“.

Слични содржини