321
Изминатиов викенд со ноќно бележење на хоризонтална сообраќајна сигнализација заврши втората фаза од реконструкцијата на улицата Индира Ганди во општина Шуто Оризари.
-Оваа значајна сообраќајница после повеќе децении е целосно реконструирана во должина од 800 метри, од улицата Бутелски венец до улицата Нов живот. Минатата година улицата Индира Ганди во првата фаза од реконструкцијата беше обновена на должина од 1.100 метри, на потегот од раскрсницата со улицата Босна и Херцеговина и булеварот Словенија до улицата Бутелски, велат од Град Скопје.