Завршни зборови во „Таргет-Тврдина“: Кој стои зад скандалот со прислушувањето?

од Nikola Popovski
280 прегледи

Денеска во Кривичниот суд обвинителите Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов ги даваат завршните зборови за случајот „Таргет-Тврдина“, односно за масовното незаконско прислушување во УБК.

Според обвинителството, незаконското прислушување се одвивало во УБК и тоа преку три системи за следење на комуникациите. Незаконски биле следени 4 286 телефонски броја, за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Главното прашање според обвинителката не е како се прислушувало, туку кој стои зад скандалот со прислушувањето.

„ Во 1992 отворена е аферата Дувло и за оваа афера разврска нема. По ова се отвора аферата „Големото уво ” за која обвинетите се аболицирани. Во 2006 со Закон за следење на комуникациите точно се регулирани условите и постапката за следење, а за тоа неопходна е наредба. Во 2008 во УБК, зграда број 3 во кругот на МВР, на 4 кат се наоѓа системот за следење, во една прилика Ѓорги Лазаревски со кабел го поврзува системот и успева да се поврзе и ги копира фајловите и информациите за пристап до одредени таргети. Ги обработува и успева да ги отвори броевите, ги споредува со базата на Мобимак и така доаѓа до сознанија дека се прислушуваат новинари, армијата, владата”, рече обвинителката Ристовска во завршни зборови за овој предмет.

Таа меѓу другото, во завршните зборови ги потенцираше и тортурите на сведоците кога биле испрашувани во МВР, откако признале дека тие ги изнесувале материјалите.

„Ќе беше добро ова да беше сценарио за филм, но за жал ова е реалност“, рече Ристоска, појаснувајќи како се одвивало прислушкувањето преку трите системи во МВР.

Во 2014 година, на средби меѓу Зоран Заев и тогашниот премиер Никола Груевски, лидерот на опозицијата го информира првиот човек на владата за материјалите до кои има пристап. Реакциајта на власта е случајот „Пуч“ од јануари 2015 година, во која Верушевски, неговата сопруга, Зоран Заев и други се осомничени за шпионажа и насилство над највисоките државни органи.

Еден од осомничените, Горан Грујевски од УБК, кога дознава дека во целиот процес е вклучен Ѓорѓи Лазаревски, му праќа порака преку Ѕвонко Костовски дека „ќе му го пресече грлото“. Тогашното раководство на УБК доаѓа до „кртовите“, Лазаревски и Костовски, бидејќи МВР ја открива скајп комуникацијата меѓу Верушевски и Лазаревски на лаптоп на Верушевски.

„Уапсен е и Ѕвонко Костовски, дека по барање на Верушевски маркирал броеви… Тој трпи закани… и при првичното испитување негира тоа што му се става на товар… под притоск на МВР и непрофисионален однос на Јавниот обвинител во случајот, под страв за сопственото и здравјето на сопругата и семејството, Ѕвонко го признава делото. Исто како Ѕвонко, и Ѓорѓи почнува постапка за спогодба пред Јавното обвинителство, но на крај не ја потпишува и останува во притвор“, изјави Ристовска.

Обвинителката цитирајќи ги сите овие реченици од завршниот збор, посочи дека не се работи за сценарио од филм, ниту за крими роман, туку за афера за која постојат материјални докази, а и искази на сведоци кои тоа го потврдиле.

Слични содржини