Завршни зборови за случајот „Тортура“

од Берта Китинска

Денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да се одржи судско рочиште на кое ќе се кажат завршните зборови на обвинителството за случајот „Тортура“.

Предметот „Тортура“ се однесува на начинот на апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година. Во „Тортура“ заедно со Сашо Мијалков се обвинети и поранешниот прв човек на единицата „Алфи”, Ивица Антевски-Пуки, и уште петмина припадници на единицата.

Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

Слични содржини