Завршува десетдневната ликовна колонија на Уметничката галерија Тетово

од Vlatko K
148 прегледи

Со изложба на 22 уметници од седум земји од Европа завршува десетдневната Ликовна колонија 2019, организирана од Уметничката Галерија Тетово. Изложбата ќе биде отворена вечерва во 19 часот во просториите на Уметничката галерија Тетово.

– Оваа е јубилејна 10-та по ред уметничка колонија која ја организира Галеријата. Изминатите десет дена 22 учесници посетија повеќе културно-историски објекти, споменици и локалитети во Тетовско, Скопско и Гостиварско каде ги создадоа нивните дела, инфомирааат од националната установа Уметничка Галерија Тетово.

Покрај уметници од Северна Македонија, има учесниците и од Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Турција, Украина и Русија. Настанот е поддржан од Министерството за култура.