Завршува објаснувачкиот скрининг со ЕУ за „Темели“: „Знаеме и имаме искуство за тоа колку е важно владеењето на правото“

од Берта Китинска

Денеска во Брисел ќе се одржи состанок за Поглавјето 23 „Правосудство и фундаментални права“, со кој завршуваат објаснувачките скрининг состаноци за Кластер 1, „Темели“.

–Реформските процеси не се само за воведување нова легислатива, туку и за промена на менталитетот и стилот на владеење. Знаеме и имаме искуство за тоа колку е важно владеењето на правото, како и тоа да имаме независни и ефикасни институции кои го гарантираат истото, рече вчера вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Скринингот за усогласување на нашето законодавство со тоа на ЕУ официјално почна на 15 септември, и според очекувањата на вицепремиерот Бојан Маричиќ ќе трае до ноември 2023 година.

Од 15-27 септември 2022 година се одржуваа состаноци за областите и поглавјата од Кластерот Фундаментални вредности, кога Комисијата го презентираше новото законодавство за овие области. Сите состаноци се одржуваа во Брисел, освен за Поглавјето 18 Статистика во Луксембург.

Слични содржини