Завршува првиот „Викенд на дијалог – новинарите против предрасудите“ во Охрид

од desk4
136 прегледи

Во Охрид денеска завршува првиот „Викенд на дијалог – новинарите против предрасудите“ во кој новинари од Северна Македонија и од Бугарија  дебатираа како да се зајакне меѓусебната доверба наспроти предрасудите.

Од последниот трет ден треба да произлезе заедничка декларација со која ќе бидат посочени насоки кои се важни во борбата против лажните вести и против говорот на омраза, како и насоки според кои новинарите можат да бидат главен двигател на пријателските односи меѓу двете држави.

Првиот „Викенд на дијалог“ поминува во исклучително конструктивна атмосфера, со многу искрена посветеност на учесниците во изнаоѓањето на начини како медиумите да станат вистински и искрен партнер на градењето доверба и јакнење на пријателските односи меѓу двете држави.

Иницијативата е со поддршка и од државните власти, а собирот го поздравија министерот за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски и бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов.

Носител на оваа иницијатива е Здружението за промоција на дијалогот, толеранцијата и човековите права „Медиум“ – Скопје, а проектот е поддржан од Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

Слични содржини