Збогум по две децении: Вака Роман Абрамович се прости од Челси

од Vladimir Zorba
380 прегледи

Од овој клуб си замина Роман Абрамович, поранешниот прв човек на лондонски Челси.

Абрамович издаде официјално соопштение пренесено од тимот, во кое го објасни мотивот за оваа одлука:

„Во периодот од 20 години на чело на Челси, се гледав себеси како чувар на клубот, чија задача е да се погрижи сите да бидат успешни како што се денес, но и да ја градат иднината играјќи позитивна улога во заедницата. Секогаш на прво место го ставам интересот на клубот. Останувам верен на тие вредности. Затоа грижата за Челси ја префрлив на добротворната фондација Челси.

Верувам дека тие се во најдобра позиција да се грижат за интересите на клубот, играчите, персоналот и навивачите – се наведува во соопштението кое е објавено на официјалната веб-страница на „сините“.

На Абрамович му е одземено правото на престој на територијата на Велика Британија, откако Русија ја започна инвазијата на Украина поради неговата блискост со претседателот на Русија, Владимир Путин.

Во меѓувреме, се огласи и неговата ќерка Софија, која на Инстаграм напиша дека „најголемата и најуспешната лага на пропагандата на Кремљ е дека повеќето Руси стојат покрај Путин“.

Абрамович го купи Челси во јули 2003 година по цена од 140 милиони фунти, а под негова „диригентска палка“ беа едни од најголемите успеси во историјата на клубот – по половина век „суша“ во 2005 година ја освои првата шампионска титула, следеше со уште четири, на кои додадоа пет трофеи во ФА Купот, три Лига Купа, два Комјунити Шилд, две титули европски шампиони, две победи во Лига Европа, една во Суперкупот на Европа, како и Светското клупско првенство.

Слични содржини