Појадокот е многу повкусен, ако не треба да мислите на него сонливи наутро. Затоа, еве брз, лесен и здрав појадок кој можете да го спремите од вечерта.

Количина: 1 чинија
Состојки:
125 грама (1/2 чаша) вода
35 грама (1/3 чаша) овесни снегулки
1 мал морков, излупен и исецкан
½ лажица цимет во прав
1 лажица сончогледови семки
70 грама (1/4 чаша) јогурт
½ мало јаболко, сецкано
Јаворов сируп (по желба)
Подготовка:
Измешајте ги снегулките, мотковот, циметот, семето и водата. Покријте го садот и оставете го во ладилник да стои во текот на ноќта. Пред да поченете да го јадете, дотурете го јогуртот и ако сакате прелијте го со јаворов сируп.