Ладните денови со себе носат и утрински магли, меланхолија за летото и променливо расположение што се одразува и на нашето здравје. Многу луѓе со доаѓањето на есента се мачат со главоболки, недостаток на енергија, проблеми со концентрацијата и слично.

Сепак, есента знае да биде и магична. Есента крие многу убави работи како сезонските плодови кои се преполни со витамини, го ублажуваат стресот и не полнат со енергија, па на тој начин го чуваат и нашиот имунитет.
Во продолжение прочитајте за неколку есенски плодови поради кои навистина ги обожаваме во овој период од годината:
Костени
Костените содржат најмногу јаглехидрати и имаат висока енергетска вредност. Тоа значи дека не се препорачува да јадете премногу костени наеднаш, бидејќи се доста калорични. Но, костените изобилуваат со витамините Б и Ц, ја поттикнуваат циркулацијата и помагаат при гастритис. Костените се вистинска инспирација за подготовка на најразлични оброци, па така во гастрономијата најмногу ги сакаме колачите и тортите од костени.
Јаболка
Иако јаболката е достапна во текот на целата година, сепак нема ништо повкусно од домашно есенско јаболко. Јаболката е богата со магнезиум и антиоксиданси. Јаболкото поттикнува подобра концентрација, го смирува организмот и го активира метаболизмот. Исто така, јаболката содржат и серотонин кој е еден од главните причинители за добро расположение, поради тоа со нив можеме адекватно да се бориме против есенската меланхолија.
Грозје
Грозјето го обновува целиот организам. Содржи фруктоза и глукоза, а изобилува и со бројни витамини и минерали. Од него правиме вино, сокови, компот и чај, а еднакво е идеално и за спортисти, деца и трудници, но и за сите останати групи на луѓе кои посветуваат повеќе внимание на својата исхрана. Уште од порано, грозјето се сметаше за еден од најлековитите плодови, а исто така тоа го чува и срцето, спречува воспаленија, го забавува стареењето, го подобрува сонот и ја регулира работата на цревата, односно го чисти целиот организам.
Тиква
Тиквата е уште позната и како „кралицата на есента“. Нејзините лековити својства лежат во тоа што таа е богата со антиоксиданси и каротени, а исто така содржи и големо количество на витамини Ц и Е. Нејзините семки содржат многу протеини и аминокиселини.
Цвекло
Цвеклото е зеленчук кој се одгледува поради својот лековит корен. Изобилува со калциум, железо, калиум и витамин Б, а најголемо влијание има во зачувување на имуниот систем. Цвеклото најчесто се подготвува преку готвење, а исто така е составен дел од вкусната есенска зимница.