Кога станува збор за хранењето на децата, многу е важно да се знае која храна треба да се дава, а која е подобро да се избегнува до одредена возраст. Некои производи кои ги купуваме секојдневно може да имаат негативно влијание врз здравјето на нашите најмали, па затоа е важно да внимаваме при изборот.
Децата под 12 месеци не треба да пијат сокови. За постарите деца, може да се даваат сокови, но во умерени количини. Особено треба да се избегнуваат газираните сокови и спортските пијалоци. Овие пијалоци содржат висок процент на шеќер и можат негативно да влијаат врз кожата, косата и меморијата, како и да го зголемат ризикот од расипување на забите.
Наместо индустриски сокови, можете да подготвите смути за деца со млеко или јогурт, или свежо цедени сокови дома, кои се многу поздрава опција.
Исто така, овошните јогурти достапни во продавниците не се препорачуваат бидејќи содржат многу шеќер и не носат значителни придобивки за растот и развојот на децата. Подобра алтернатива е обичниот јогурт, кој можете да го збогатите со мед или да додадете парчиња свежо овошје.
Избегнувајте и пуканки што се подготвуваат во микробранова печка, бидејќи кесичките во кои се спакувани може да испуштаат штетни хемикалии. Наместо тоа, подгответе пуканки во тенџере со маслиново масло – тоа е многу поздрава опција. Исто така, не се препорачува да се дава мед на деца под 12 месеци, бидејќи токсините во медот можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми. За деца под една година, подобро е да се користи домашна каша од банани или друго овошје.
Конзервираната храна, особено онаа спакувана во пластични кутии, исто така не е препорачлива за децата. Пластиката може да содржи бисфенол – штетна состојка која може да влијае на растот, репродуктивниот систем и мозокот. Ако користите сос од домати, изберете го оној во стаклени садови или, уште подобро, користете свежи домати.
Децата не треба да џвакаат гуми за џвакање, бидејќи тие можат да им ги оштетат забите и непцата, а постои и ризик од гушење или проголтување. Гумата за џвакање не е потребна и најдобро е да се избегнува.
Наместо грицки и слатки, на децата можете да им давате суво овошје, кое е полно со хранливи материи. Ако сакаат чипс, направете го заедно дома на поздрав начин, користејќи само неколку состојки. Истото важи и за сладоледот – наместо купен, побарајте едноставен рецепт за домашен сладолед што можете да го подготвите со состојки кои веќе ги имате дома.