Здраво и вкусно: Мачканица од цвекло и фета сирење

од desk2
205 прегледи

Ако брзате за на работа и сакате да изедете нешто здраво, овој рецепт е идеален за вас

Доколку внимавате на исхраната, сигурно знаете дека потребно е време за да се приготват некои јадења. Откривме едноставна, здрава и потполно поинаква мачканица кој одлично оди со двопек и шолја јогурт. Станува збор за мачканица со сирење и цвекло.

Потребни состојки:
3 цвекла
140 грама фета сирење
2 лажици лимонов сок
2 лажици изрендана кора од лимон
2 лажици маслиново масло
1 исечкано чешне лук

Приготвување:
Загрејте ја рерната на 220 степени. Обложете го плехот со хартија за печење, а цвеклото завиткајте го во алуминиумска фолија и ставете го да се пече околу 40 минути. Потоа, извадете го и оставете го да се излади. Ставете ги во блендер сите состојки освен маслото и измешајте. Постепено додавајте масло и мешајте додека не добиете соединета смеса.

Чувајте ја мачканицата во фрижидер и така ќе имате здрав оброк во секој момент.